Хрватската пејачка Северина нема да биде член на жирито во новата сезона на музичкото шоу „Икс фактор“, кое ќе почне да се емитува од март на српската ТВ „Прва“.
Како што дознава српски „Курир“ преговорите со хрватската ѕвезда пропаднале бидејќи таа побарала хонорар од 200.000 евра за својот ангажаман. Сега продукцијата е во преговори со Џибони, Јелена Розга, Владо Герогиев и Емина Јаховиќ.
– Емисијата за разлика од премиерната сезона сега ќе се прикажува и во Хрватска, па така продукцијата сакаше да има жири кое е познато во целиот регион. Прв избор беше Северина но таа барала 200.000 евра , па продукцијата ја одбила – изјавил извор за српки Курир.
Оттаму додале дека на нејзино место ќе дојде Јелена Розга како и Џибони, а музички судија од Србија ќе биде пејачот Владо Георгиев. Размислуваат да ги ангажираат и Александра Радовиќ и Жељко Васиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Комплетниот мејл што Северина му го испратила на Милан: „Си реков: подобро Милан одошто рак!“
-
После порно аферата се повлече од јавноста: Северина сподели убави вести, среќа во нејзиниот дом!
-
Јас едноставно се навикнав: Порно фотографиите на Северина ја шокираа нацијата, а Кеба реагираше вака!