| четврток, 6 декември 2018 |

Даниел „ѕвезда“ во Катар

daniel2

Даниел „во воздух“

Што е заедничко меѓу Светското во ракомет во Катар и Евровизија 2015? Тоа е Даниел Кајмаковски од Македонија, или познат како Даниелкај- пишува ирскиот специјализиран портал за Евровизија.

danielВо текстот се вели дека Даниел е голем поддржувач на ракометот, а сега на светското првенство учествуваат националните тимови на Македонија, Хрватска и на БиХ, како и на сите други спортови. Ирскиот портал пренесува дека тој заминал во Катар да ги поддржи балканските држави.

Како што е прикажано на фотографијата, Даниел го сфаќа ракометот многу сериозно и секогаш ги поддржувал националните репрезентативци.

Тој е и еден од водечките пејачи на официјалната химна на Светското првенство, која ја пее меѓу другото и со евровизискиот победник Александер Рибак.

daniel1

Даниел прославува на мечот Македонија- Тунис

Даниел е победник на првиот Х-фактор Адриа, минатата година, а потоа победи на Скопје фест и ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2015 со песната Есенски лисја.

-Се надевам дека Даниел нема да скока толку многу наоколу до степен да се повреди. Имаме планови со Даниел во Амстердам во Амстердам- додава уредникот на порталот Гарет Малхол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top