| четврток, 6 декември 2018 |

„Балкански современ акварел“ во Музеј на град Скопје

Во Музеј на град Скопје, на 21 јануари 2015 г. во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Балкански современ акварел“, на која ќе учествуваат шеснаесет автори од Македонија (В.Ташковски, Т.Јанчевски, И.Кафкалески, Н.Бутров, Д.Ордев, О.Димитриева Оља и С.Цветановски), БИХ, Бугарија, Србија, Хрватска и Турција.

Преку најизразитите претставници од балканските земји се допира до најсуптилните естетски дострели покажувајќи дека, иако запоставен, акварелот овозможува врвни уметнички резултати со широк дијапазон на стилски припадности. Покрај желбата да се направи увид во состојбите на овој план на актуелниот миг во балканските земји, намерата е преку изложбата да се делува на менувањето на сфаќањата за инфериорната положба на акварелот во поглед на неговото вреднување. Претпоставка е дека ова ке биде уште еден прилог кон   давањето придонес во менувањето на маргиналната поставеност на оваа ликовна дисциплина, повеќе или помалку, скоро во сите средини. Куратор на проектот е младиот историчар на уметност Виктор Божурски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top