На денешен ден, на 80-годишна возраст почина академик Никола Кљусев, првиот премиер на првата експертска Влада на Република Македонија (1991-1992) и имаше значајна улога во воспоставувањето на независноста и сувереноста на македонската држава. Дипломирал економија во Белград во 1953 година, а докторирал во 1964 година. Кариерата ја почнал како асистент на Институтот за научни истражувања во индустријата на Македонија, а од 1972 година бил редовен професор на Економскиот факултет во Скопје. Во 1989 година бил избран за член на МАНУ, каде што бил претседател на Советот за демографски истражувања. Раководел голем број домашни и странски проекти од областа на економијата. Објавил повеќе книги, монографии и научни студии, како и неколку збирки поезија, есеи и други трудови. Роден е во 1927 година во Штип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сеќавање на осамостојувањето: Како Кљусев, Мијалков и Змејковски ги извлекоа македонските војници од Хрватска
-
Заев ги урна темелите на државата, по јазикот го албанизира и денарот (ВИДЕО)
-
Лепавцов, Богданов, Ставрев и Костурски не му се допаднаа на Глигоров во 1991, па Македонија доби експертска влада
-
Људмил Кљусев приведен во САД за препишување лекови за пари