Со монетарното осамостојување на Република Македонија беше заокружен процесот на дефинирање на државниот суверенитет на Република Македонија. Парите, Армијата, јазикот, Уставот, македонскиот идентитет се темелите на кои е изградена македонската држава, а кои денеска ги урива квинслингот Зоран Заев.
Сведоци на уривањето на столбовите на македонската сувереност, државност и унитарност. Потписот на Зоран Заев ставен на албанската платформа значи погазување на суверенитетот и унитарноста на Република Македонија. Двојазичните банкноти се првиот чекор кон воведувањето целосна двојазичност во Македонија, а тоа, пак, значи чекор поблиску кон реализирање на идејата за федерализација на Македонија, што ја најави и ја спорведува Зоран Заев.
Лидерот на опозицијата веќе подолго време работи на неповратен процес на федерализација на Македонија. Влогот на Заев е унитарноста на државата, а сценариото кое веќе и јавно го презентира како „редефинирање“ на државата се состои од трите фази од воведување на двојазичност, преку федерализација, до отцепување на делови од државата и спојување со соседни земји.
Според ветувањето на Заев, идната федерализација или кантонизација на државата, за чиешто име дополнително ќе се одредува судбината, има три фази, кои етапно ќе се воведуваат во следните неколку години, а со првата фаза е опфатено воведување на целосна двојазичност на целата територија на државата. Односно употреба на албанскиот јазик како официјален јазик, пред сѐ во безбедносниот сектор и во институциите, во полицијата и во армијата.
Самостојна Македонија, монетарно се осамостои во 1992 година. Никола Кљусев, првиот премиер на Република Македонија, ги презентираше првите македонски пари – денари на 26 април 1992 година, на Велигден.
-Република Македонија воведува сопствена парична единица што ќе го носи името денар и еве задоволство ми е да видите како тие парични единици се печатени… Нека ни е честито.
На 27 април 1992 година започнала замената на книжните југословенски динари со вредносни бонови во однос 1:1, при што замената траеше три дена. Книжните пари што гласат на југословенски динари дефинитивно престануваат да важат како платежно средство во Република Македонија на 29 април 1992, додека кованите пари со апоенска вредност од 1, 2 и од 5 југословенски динари остануваат во оптек уште една година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)