| четврток, 6 декември 2018 |

Сеќавање на осамостојувањето: Како Кљусев, Мијалков и Змејковски ги извлекоа македонските војници од Хрватска

Најстрого чуваната тајна од периодот на осамостојувањето на Македонија за извлекувањето на македонските војници од Хрватска. Вања Битољану, тогашен директор на првата македонска авиокомпанија „Палер Македонија“, формирана само неколку месеци пред осамостојувањето на Македонија за порталото сдк.мк раскажува како беа спасени македонските војници кои беа заробени во касарните кога почнаа воените дејствија на самостојната хрватска држава против единиците на Југословенската Народна Армија (ЈНА).

Во периодот кога во Сплит, Хрватска беше убиен македонскиот војник Сашко Гешовски, под притисок на мајките кои со солзи упаднаа во Парламентот и побараа власта да најде начин да ги врати дома живи и здрави останатите, државниот врв решил да организира тајна мисија.

Во тоа време во Хрватска, во тек беше процесот на отцепување од Југославија, па Југословенската народна армија (ЈНА) се сметаше за окупациска сила. Поради тоа кога македонските војници дезертираа од ЈНА, не наидоа на линч туку властите во Загреб ги прифатија.

Борис Змејковски, тогаш висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ користејќи ги врските со ХДЗ на Фрањо Туѓман, со објаснување дека војниците нема како безбедно да се вратат дома, успева да издејствува војниците од Загреб да бидат префрлени преку граница, во Унгарија. Тогаш државниот врв на Македонија побарал помош од првата македонска авиокомпанија да ги довезе некако војниците од Будимпешта.

„Ме викна Никола Кљусев, тогаш премиер, на состанок. Отидов, во старата зграда на Влада, а таму ме чекаше тој, заедно со Јордан Мијалков, тогаш министер за внатрешни работи. Кљусев збруваше, ние двајцата молчевме. Ми рече дека морам итно и многу тајно да ги пренесам војниците. Ми кажа дека тие ќе бидат во Будимпешта и уште еднаш ми нагласи дека никој не треба да дознае. Мијалков беше на состанокот за да ми биде поддршка ако нешто ми притреба“, вели Битољану.

Извлкувањето веднаш било организирано. Битољану вели дека испратиле барање за летот во Белград во Сојузната управа за цивилна и водушна пловидба со лажни податоци.

„Пријавивме дека ќе превезуваме туристичка група. За да не биде сомнително, пријавивме дека ќе летаме со групата од Будимпешта до Охрид и повратно назад до Будимпешта и намарно баравме летот да биде ноќе“, се сеќава Битољану.

Целиот текст ТУКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top