| четврток, 6 декември 2018 |

Људмил Кљусев приведен во САД за препишување лекови за пари

kljusev

Људмил Кљусев, синот на првиот премиер на независна Македонија, Никола Кљусев, бил уапсен во САД под обвинение за „нелегално дистрибуирање наркотици“ 0бјави „Ферфилд дејли војс“. Кљусев, кој во САД работи како психијатар, бил уапсен на 12 ноември, обвинет дека на пациентите им препишувал големи количества лекови „адерал“ и „занакс“( кај нас познат под името „хелекс“) за кои тие му плаќале во готово. Со него заедно е упасен и Душан Босотов, под истото обвинение.

Кљусев бил изведен пред судија и задржан во притвор, а Босотов е ослободен со 200.000 долари кауција. Во истрагата биле користени заштитени сведоци и полицаец кој се претставил како пациент. Тие тврделе дека Кљусев им препишувал лекови без да ги прегледа за што му давале пари. Наводно тој и на Босотов му дозволил да пишува рецепти додека бил отсутен.

Максималната казна за ова дело е 20 години затвор. Тој е, исто така, обвинет и за перење пари за што му се заканува максимална казна од 10 години затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top