| четврток, 6 декември 2018 |

Домаќинот Катар го отвори мундијалот со победа над Бразил

Со првиот натпревар на Светското првенство во Катар меѓу домаќинот и репрезентацијата на Бразил започнаа планетарните ракометни возбудувања.
Катар првпат по 12 години успеа да слави победа на мундијалите и тоа на домашен терен со 28-23. Интернационалниот состав на домаќинот составен од многу ракометари кои го земаа катарското државјанство беше надомоќен во текот на целиот натпревар и имаше предност од првата минута.
Добро познатото име во светскиот ракомет голманот на Барселона Даниел Шариќ беше човекот кој им ја донесе победата на катарците. Ветаранот со 22 одбрани буквално ја спушти „ролетната“ пред својот гол доведувајќи ги во очај агресивните бразилци кои пробуваа од сите позиции да го совладаат.
Селекторот на Катар е уште добро познато име во светскиот ракомоет. Шпанецот Валеро Ривера кој со својата земја го освои светскиот трон на минатото светско првенство, се реши да го преземе кормилото на Катар и како сам изјавува тоа е најважниот потег во неговата кариера. Ривера успешно го водеше својот тим на премиерата, ротирајќи повеќе играчи кои беспрекорно ги одбратуваа неговите задачи.

Qatar 2015 M1 QAT vs BRA

Во нападот „странците“ Борха Видал, Бертранд Руне и Жарко Марковиќ беа носителите на играта. Покрај тоа што беа одлични реализатори фантастично ги проигруваа и своите соиграчи. Поранешниот играч за Металург, Марковиќ заедно со неговиот репрезентативен колега Махмуд Хасаб беа најефикасни со шест погодоци.

Македонската репрезентација својот прв натпревар го игра утре против репрезентацијата на Тунис со почеток до 15 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top