| четврток, 6 декември 2018 |

Откриено телото на обезглавениот француски турист Ерве Гурдел

Телото на францускиот турист Ерве Гурдел беше откриено од алжирската армија во близина на местото, каде беше киднапиран и обезглавен од џихадисти во септември.

По повеќе од три месеци потрага, погребаното обезглавено тело беше откриено на планината Акбил, на 160 км југоисточно од престолнината Алжир, каде Французинот беше киднапиран од членови на групата Џубд ал Калифа (војниците на Калифатот).

По егзекуцијата на францускиот заложник армијата испрати 3.000 војници во потрага по екстремистичката група.

Вчера војниците ја обновија потрагата во реонот по информација од вооружени исламисти.

Групата Џунд ал Калифа соопшти дека го егзекутирала Гурдел во одмазда на учеството на Франција во коалицијата предводена од САД, која нанесува воздушни напади врз џихадистите од „Исламска држава“ во Ирак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top