| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија претставена со уставното име на СП во Катар

Домаќинот на светското ракометно првенство добро ја научи лекцијата кога се работи за нашата земја. По непријатните сцени во врска со референцата БЈРМ на автобусот наменет за македонската репрезентација на СП 2015 кое веќе започна со прекрасната церемонија на отварањето, нашата селекција беше преставена под уставното име.
На отварање на мундијалот присуствува и македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов кој пред церемонијата се сретна со сите репрезентативци во хотелот каде се сместени и им посака успех на престојниот турнир, беше сведок на честа која ја прави Катар кон нашата држава која покрај што не престави под уставното име, вее и македонски знамиња со паролата „Добре дојде Македонија“ на нашето кирилично писмо.

Ракометното СП денеска почнува со дуелот Катар – Бразил, а Македонија утре од 15 часот го игра својот воведен меч против Тунис.

Qatar 2015 Opening Ceremony

Qatar 2015 Opening Ceremony

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top