| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто бебињата секогаш треба да спијат на грб

00038745

Најновите истражувања покажаа поврзаност помеѓу позицијата при спиење и феноменот ненадејна смрт кај бебињата. Опасноста од тоа значително се намалува, ако бебето спие на грб. Спиењето на страна е побезбедно од спиењето на стомак, но последните истражувања покажуваат дека спиењето на грб е најбезбедно за детето.

Што може да се случи, ако бебето поврати додека спие на грб ?

Претходно лекарите сметале дека ако бебето спие на грб, постоела сериозна опасност при повраќање. Тие мислеле дека тоа може да се задуши, бидејќи нема доволно сили да ја заврти главата кога ќе почне да повраќа.Опасноста од задушување при вдишување на повраќаното, била главната причина за положбата на стомак да ја сметаат за најбезбедна, иако подоцна било докажано дека оваа позиција е опасна за бебето додека спие.

tumblr_nguyy5wJSn1s1oegho1_500

Зошто е здраво да се спие на грб ?

Никој не ги знае точните причините за тоа дека спиењето на грб е побезбедно за бебето. Според една од теориите, кога бебето спие на стомак, лицето е толку блиску до чаршафите и дека вдишаниот воздух не се обновува и бебето не добива доволно кислород. Другата можност е поврзана со опасноста од задушување при спиење на стомак на премногу мек душек. Исто така бебињата не треба да спијат на водени кревети. Трета теорија е поврзана со ризикот при спиење со лице на душек, на тој начин микробите можат да го оштетат респираторниот систем на бебето.

tumblr_nhxvpouWJR1s1oegho1_500

Што да правиме , кога бебето се заврти ?

Кога бебето е доволно големо, да ја менува својата положба само, треба да продолжиме да го ставате да спие на грб, без да се грижите дали ќе се заврти. Нема потреба да го вртиме на грб цела ноќ.

Сите бебиња ли треба да спијат на грб ?

Здравите деца трбева да спијат на грб. Само во случај на одредени заболувања, се препорачува бебето да спие на стомак. Кога бебето страда од некое заболувања, педијатар ќе ги советува родителите за најсоодветна положба за спиење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top