В петок (16 јануари) со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Самсон и Далила“, на музика на Камиј Сен-Санс. „Самсон и Далила“ е во кореографија на гостинот од Хрватска, Роналд Савковиќ, додека во насловните улоги ќе настапат: Ивана Коцевска и Васил Чичијашвили (Грузија). Во улогата на Крв: Мирјана Поп Алексова-Атанасовска, Месо ќе ја толкува Бобан Ковачевски, Зло: Олга Панго.
„Самсон и Далила“ обработува библиска приказна за вечната борба меѓу доброто и злото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.