
Колажите на Анри Матис што се изложени во музејот „Мома“ во Њујорк ги виделе половина милион посетители. Изложбата беше отворена во октомври минатата година и ќе трае до идниот месец.
Поставката во „Мома“ вклучува 130 колажи на познатиот францускиот сликар и опфаќа дела создадени во периодот помеѓу 1936 и 1953 година, меѓу кои и четирите „Сини акти“ насликани во 1952-та, славниот „Полжав“, „Сеќавање на Океанија“ и десет метри долгата „Голема композиција со маски“.
Анри Матис (1869-1954 г.) својата сликарска кариера ја почнал како постимпресионист, бил инспириран од Моро, Сезан и Гоген… Најмногу сликал женски фигури, мртва природа и пејзажи, но и графики и керамика, нацрти за балетска декорација и костуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


