Стотина инвеститори на станбени објекти во општина Илинден ги искористиле поволностите што ги нудат бесплатните проекти за изградба на семејни куќи.
Општината истакнува дека со овие проекти се заштедуваат до 1.000 евра, се олеснува работата на администрацијата и се забрзува постапката за издавање градежни дозволи по електронски пат.
– По плаќањето на комуналиите кои изнесуваат само две евра по метар квадратен, граѓаните за само три дена добиваат одобрение за градба – се вели во соопштението од општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.