
Враќањето на модниот гениј Џон Галијано во модната индустрија се чекаше со големо нетрпение. Иако неговиот ангажман за куќата „Мартин Маржила“ беше под знак прашање уште од првиот ден од страна на модните уредници и сите оние кои се дел од модната индустрија, сите нестрпливо ја чекаа ревијата на Галијано.
По синоќешната ревија Галијано покажа дека неговото враќање на модната сцена на високата мода никогаш не било толку многу успешно. Главна поддршка на Галијано во првите редови му дадоа Кеј Мос и Ана Винтур, а меѓу гостите беа и Маноло Бланик и Кристофер Бејли. Просторијата каде што се одржуваше ревијата беше клинички бела и интимна, а ревијата беше скромно најавена на социјалната мрежа „Инстаграм“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.










