Германската канцеларка Ангела Меркел и членовите на нејзиниот кабинет ќе учествуваат во маршот за поддршка на верската толеранција, што ќе се одржи денеска во Берлин во организација од муслиманските лидери во Германија.
Со настанот, кој ќе се одржи кај историската Брандербуршка капија исто така ќе им се оддаде почит на жртвите во минатонеделниот терористички напад врз редакцијата на „Шарли ебдо“ во Париз, како на уште двата други напади, во кои вкупниот биланс на загинати достигна 17 лица.
„Да застанеме едни до други. Теророт не е нашето име!“, е паролата на маршот, кој е свикан од Централниот совет на муслиманите во Германија и на турската заедница во Берлин. Во маршот учество најавија и синдикатите, бизнис лидери и членови на двете најголеми верски заедници во земјата, христијанската и еврејската.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.