| четврток, 6 декември 2018 |

„Дукат“ се враќа на македонскиот пазар

dukat

Компанијата информира дека новата пратка на млекото, која од денеска се испорачува во трговските објекти, покрај сите редовни микробиолошки контроли на млекото кои се спроведуваат во согласност со законските прописи и правилници, успешно го поминала и новиот систем за контрола на присуство на микотоксини во суровото млеко од фармите.

Компанијата „Дукат“ дополнително го воведе овој систем за контрола во сите свои производствени капацитети.

Враќањето на млеката на „Дукат“ во трговската мрежа во Македонија се случува откако претходно претставништвото на компанијата во Македонија самостојно, без барање од страна на надлежните институции, донесе одлука привремено да ги повлече од продажба сите млека од овој бренд. Одлуката беше донесена со единствена цел да се задржи високото ниво на доверба кај потрошувачите во квалитетот и безбедноста на млеката на „Дукат“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top