Не е тајна дека дека со 35 или 55 години потешко ја одржуваме формата на телото. За некого тоа е битка со која тешко се наѕира победникот. Како почнува? Додека сте студент, живеете на пица, пиво или кока-кола. Во триесетите години од животот повеќе сте посветени на краиерата, отколку на здравјето.
Сонот е темел на здравиот живот. Ако не спиете доволно, вашиот имун систем ослабнува, метаболизмот се успорува, а килограмите се наталожуваат. Уморот предизвикан од недостаток на сон ја намалува вашата желба за здравиот начин на живот. Некои истражувања покажуваат дека недостатокот на сон го прави вашиот мозок да чезнее по висококалорична храна.
Вашиот метаболизам едноставно не е веќе ист. Додека сте млади може да јадете и крофни, чоколади, а таа храна „никаде не се залепува“. Но, сега ситуацијата е поинаква. Вашиот метаболизам секоја декада по 40. година се успорува за пет пати. Тоа значи дека не можете да ги трошите калории како некогаш. Избегнувајте месни преработки, мајонез, тешки преливи за салата, зачинета храна.
По 40. година нивото на естроген опаѓа, што предизвикува промени во штитната жлезда, но и во шеќерот во крвта. Доаѓа до губење на мускулната маса, а тоа значи дека послабо согоруваат мастите.
Нездравата храна сменете ја со намирници богати со влакна, интегрални житарки и мешунки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.