| четврток, 6 декември 2018 |

Со само еден трик до побрз метаболизам

Кога и да помислите дека на вашиот ручек му недостасува нешто, тука секогаш е добредојдено лутото пиперче, чили сосот или буковката.

Ако консумирате премногу лута храна, тоа лошо влијае не само врз желудникот, туку и врз хемороидите. Но, умерено лутата храна ќе го забрза вашиот метаболизам и побрзо ќе ве засити.

Новото истражување објавено во списанието „Апетит“ вели дека луѓето што додаваат малку лути пиперки во вечерата јадат до 30% помалку и побрзо се чувствуваат сити отколку тие што избегнуваат луто.

Чили пиперките содржат капсаицин, кој може да го забрза метаболизмот, контролирајќи го ослободувањето на хормоните кои влијаат врз регулацијата на апетитот, па истовремено ви ја заситуваат потребата за храна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top