| четврток, 6 декември 2018 |

Стресот го забавува метаболизмот

Истражувањето спроведено со учество на 58 испитаници покажува дека стресот може да го забави метаболизмот и да доведе до зголемување на телесната маса.

Учесниците во студијата на американските истражувачи од Универзитетот Охајо биле на просечна возраст од 53 години.

Утврдено е дека присутноста на стрес во претходните 24 часа кај испитаниците било поврзано со согорување на 104 калории помалку во период од седум часа по оброкот.

Според стручното списание „Biological Psychiatry“, секојдневната изложеност на стрес во текот на една година би можело да доведе до зголемување на телесната маса до пет килограми.

Кај жените изложени на стрес е воочена и поголемата присутност на инсулин, исто така еден од факторите кои придонесуваат за складирање на масните наслаги во организмот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top