Директорот на „Тајлор Рабер Груп“ и претседавач на индискиот национален совет на индустријата, Тетра Ашок изрази задоволство од презентацијата и од условите кои Македонија ги нуди на странските инвеститори.
-Импресиониран сум од презентацијата на премиерот. Владата е пријателски настроена кон инвеститорите и отворена за партнерства, бенефициите кои ги нудите за водење на бизнис, даноците, поволностите за тренинг и обука се многу привлечни за индиските компании. Главната работа која што е суштинска за бизнисот е што Македонија може да биде база од која ќе се стигне до 650 милионскиот пазар во цела Европа. Многу е направено од премиерот и Владата, за Македонија да биде потенцијално место за инвестирање во повеќе сектори: фармацевтската индустрија, прехранбената индустрија, земјоделието, информатичка технологија. Задоволен сум што имав можност да слушнам многу позитивни и привлечни работи за можностите за инвестирањето на индиски компании во Македонија, изјави Ашок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.