Балетската претстава „Оревокршачка“, од рускиот композитор Петар Илич Чајковски, во сабота на 27 јануари во 12 часот ќе биде изведена на сцената на МОБ. Во насловните улоги играат Марија Кичевска Шокаровска (Клара) и Бобан Ковачевски (принцот), а учествуваат солистите и целиот балетски ансамбл на МОБ.
Кореограф е Василиј Иванович Ваинонен (Русија), сценограф Анатолиј Нежњи (Русија) и костимограф Љупка Ристовска.
Оваа класична балетска бајка е во два чина, чие либрето го напишал Мариус Иванович Петипа, по сказната на Ернст Теодор Хофман.
Премиерата на „Оревокршачка“ се одржала во 1892 година во Маринскиот театар во Санкт Петербург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


