Пастрамалијата, ајварот, гравчето во тавче и вината се специјалитетите по кои Македонија ја препознаваат гурманите во светот.
Токму овие национални специјалитети придонесоа Македонија да се најде на 23. место на листата на држави од Европа со најдобра понуда на храна типична за земјата, што ја подготвува глобалниот магазин „Трил лист“ (Thrillist).
– Земјата во својата понуда на домашни специјалитети нуди некои проклето добри јадења, вклучувајќи ја и превкусната пастрмалија, која тешко се изговара. Се подготвува од печено тесто на кое му се додава солено месо исечено на коцки. Тука се и ајварот и тавче-гравчето – грав подготвен во тава. Нивните вина, пак, особено од тиквешкиот регион, исто така, не се за потценување – велат авторите на текстот кои за подготовка на листата посетиле 39 од 48 држави.
Инаку, првите три места на т.н. трил-листа се Италија, Франција и Шпанија, а последни се Црна Гора, Фарските Острови и Ватикан.
Магазинот „Трил лист“ е интернет списание за животен стил кое дава препораки и информации за градови и за дестинации низ светот во однос на најдобрите места за храна, пијалаци, забава, купување…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.