| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо најде замена за Дрогба

Се ближи моментот кога Дидие Дрогба дресот ќе го замени со одело и ќе седне до Мурињо на клупата на Челси. Дидие Дрогба би можел на крајот од оваа сезона да ја заврши фудбалската кариера и да отвори ново поглавје во неговиот живот. Секако најзаинтересиран е да стане тренер учејќи од „специјалниот“ Мурињо.
Оваа сезона тој се врати во Челси каде пред неколку години ги доживеа своите ѕвездени моменти. И оваа сезона добро игра и е одлична замена за првиот избор Диего Коста. Секогаш кога добиваше шанса да настапи од првата минута постигнуваше гол.
Протугалецот веќе се подготвува да најде замена за Дрогба и тоа најверојатно ќе биде напаѓачот на Барнли Дени Ингс.
Барнли е најслабата екипа во Премиер лигата и се очекува експресно да се врати во понизок ранг, со што Ингс би се преселил во Челси.
Едниствената светла точка во Барнли е токму Ингс на кој му истекува договорот со клубот на крајот од оваа сезона и со сигурност нема да го продолжи. Тоа ќе го искористи Мурињо кој сака да го купи уште оваа зима, но да го остави до крајот на сезоната во Барнли и од лето веќе го облече синиот дрес.
Цената која ја нуди Челси изнесува 3 милиони фунти, а Барнли би ја прифатил со две раце со тоа што ќе сака да го задржи Ингс и се обиде да обезбеди опстанок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top