Индонезиските нуркачи ја извлекоа на површина едната од двете црни кутии на авионот на компанијата „Ер Азија“ кој на 28 декември падна во Јаванско море заедно со 162 патници и членови на екипажот.
Црните кутии биле локализирани на околу 30 метри длабочина во Јаванско Море во дел од остатоците од авионот, но повторно невремето ја попречило потрагата, јавува Бета.
– Оној дел од црните кутии што ги содржи параметрите од летот на авионот утрово беше извлечен на површина – изјави директорот на индонезиската агенција за потрага и спасување Бамбанг Соелистио и додаде дека нуркачите во моментов се во потрага по оној дел од црните кутии каде што се зачувани аудиоснимките.
Засега не се знаат точно причините за падот на авионот во Јаванско Море, а лошите временски услови се назначени како важен фактор, според извештајот на индонезиската агенција за метеорологија, клима и геофизика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.