| четврток, 6 декември 2018 |

Прекина потрагата по жртви од авионската несреќа на „Ер Азија“

Crewmembers of an Indonesian Air Force NAS 332 Super Puma helicopter look out of the windows during a search operation for the victims and wreckage of AirAsia flight QZ 8501 over the Java SeaВластите во Индонезија вчера ставија крај на потрагата по жртви од авионската несреќа на „Ер Азија“, која се случи на 28 декември 2014 година, а чиј авион се урна во Јаванско Море со 162 патника и членови на екипажот, од кои 56 не беа пронајдени.

– Потрагата целосно завршува. Четирите брода, со кои се вршеше потрагата, се враќаат во Џакарта, изјави координаторот на операцијата.

Во акцијата беа пронајдени 106 тела на патниците во авионот.

– Ние и роднините на жртвите сме едногласни дека потрагата по телата не може да трае бесконечно, изјави сопственикот на авиокомпанијата Тони Фернандес.

Бродови и авиони од неколку држави им помогнаа на индонезиските војници во напорите за пронаоѓање на останки од жртвите и остатоци од леталото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top