Тимовите за потрага ги лоцирале црните кутии од патничкиот авион на египетската воздухопловна компанија „Еgyptair“, а египетската армија ги објави фотографиите од предметите пронајдени во текот на трагањето по остатоците од авионот на летот од Париз за Каиро со 66 патници и членови на екипажот исчезна од радарите во четвртокот утрото набрзо откако го напуштил грчкиот и навлегол во египетскиот воздушен простор.
Според извештајот, црните кутии се лоцирани во областа на грчкиот остров Карпатос, меѓу островите Крит и Родос. Трупот на авионот уште не е лоциран.
Иследниците, според британскиот јавен сервис BBC, објавиле дека е утврдено дека во различни делови на кабината на авионот три минути пред исчезнувањето од радарите бил регистриран чад, но причината за тоа сé уште е непозната.
Иследниците наведуваат дека досега ништо не е исклучено како можна причина за несреќата. Можната причина за хаваријата е пожар, но сите претпоставки и натаму се отворени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.