| четврток, 6 декември 2018 |

Во Маврово 40 сантиметри, во Крушево 17 сантиметри снег

Маврово викендов

Маврово викендов

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека највисока снежна покривка, од 40 сантиметри, измерена во 7 часот, имало во Маврови Анови.

Во Лазарополе има 35 см снег, во Крушево 17 см, во Пожаране 15 см, Тетово 13 см, во Виница 12 см, 11 во Ѓуриште, 10 во Прилеп, 8 во Охрид, 6 см во Битола и Тополчани, 4 см во Скопје-Зајчев Рид и во Крива Паланка, три сантиметри снег има во Берово и во Куманово, два во Штип и еден сантиметар снежна покривка е измерена во Скопје кај Петровец.

Измерен е наврнат воден талог за изминатите 24 часа. До 7 часот се измерени 13 литри на квадратен метар во Виница, 12 во Лазарополе и Пожаране, 9 во Маврово, 7 во Прилеп, 6 во Битола, 5 во Крушево и Тетово, 4 во Охрид, Претор и Топлчани, три литри во Крива Паланка и Кавадарци, два во  Скопје-Зајчев Рид и во Берово и по еден литар на метар квадратен во  Скопје-Петровец, Струмица и Куманово.

Најниска температура од минус 6 степени утрово била измерена во Маврово, 5 степени под нулата во Крушево, -3 во Лазарополе, -2 во Крива Паланка, Прилеп и во Берово, -1 степен во Тетово. Нула степени се измерени во Скопје, Охрид, Битола, Штип, Струмица, Куманово, Виница и Претор, 1 степен во Кавадарци и Демир Капија, два во Дојран и три степени во Гевгелија.

УХМР информира дека времето денеска претпладне ќе биде  променливо облачно со локален снег со послаб интензитет. Околу пладне облачноста ќе се намали, врнежите ќе престанат насекаде и ќе преовладува умерено облачно и студено време. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој наместа ќе биде и до 70 километри на час.

Максималната температура ќе се движи од -1 до 5 степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно со негативна утринска температура, а дневната ќе бидат во пораст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top