| четврток, 6 декември 2018 |

На полноќ снежно невреме во Македонија

snegce-na-vodno

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на Македонија предвидува дека кон крајот на денот Македонија ќе ја зафати влажен и студен бран од север кој ќе предизвика најпрво врнежи од дожд, а после полноќ на повеќето места поради наглото опаѓање на тампературата,  ќе преминуваат во снег. Ќе дува  засилен северен ветер, со брзина околу 65км/ч. кој ќе предизвика снежни наноси.

Се очекува да се формира нова снежна покривка, особено во западните делови со висина околу 20-тина см. Утре попладне врнежите ќе престануваат.

Потоа во наредните денови времето ќе биде претежно стабилно со пораст на температурите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top