Македонската ракометна јуниорска репрезентација (играчи до 21 година) денеска го претрпе и третиот пораз во квалификациската група 2 за Светското првенство во Бразил. Поуспешни од нашите јуниори беа нивните врсници од Франција, кои славеа победа со 31:25 (17:10).
Ова беше трет пораз за избраниците на селекторот Влатко Неделковски на исто толку натпревари. Во првите две кола Македонија беше совладана од Чешка и од Полска.
На денешниот дуел со Франција најефикасен беше Мартин Велковски со 6 голови, а по 5 постигнаа Стефан Дрогришки кај Македонија и Флориан Делекроа кај Франција.
Македонија: Ангелов, Даниловски, Дрогришки 5/9, Ивановски, Костовски 3/3, Бој.Маџовски 1/3, Борј.Маџовски 0/1, Манасков 4/8, Палевски 2/3, Поповски 0/2, Рајатовски, Стојановски, Ј.Талевски 0/5, Ф.Талески 4/11, Трајковски и Велковски 6/8. Седмерци: 6/7. Исклучувања: 6 минути.
Тек на резултатот: 2:1 (4’), 7:1 (11’), 8:3 (13’), 10:5 (17’), 13:7 (21’), 17:7 (25’), 17:10 (30’) — 18:11 (34’), 21:13 (37’), 22:15 (42’), 22:17 (45’), 25:17 (48’), 27:20 (52’), 30:22 (56’), 31:25 (60’)
Македонија турнирот го заврши со три порази:
Македонија – Чешка 22:33 (12:14)
Полска – Македонија 24:15 (12:10)
Франција – Македонија 31:25 (17:10)
Нашите ракометари денеска тргнуваат за Скопје.
Франција со три победи и максимални 6 бодови ги заврши квалификациите на првото место и со тоа избори пласман на Светското првенство, додека Македонија е последна во групата без освоен бод.
Последниот натпревар меѓу домаќинот Полска и Чешка е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



