Рамковната програма на ФАО за Македонија за периодот 2013-2015 денеска ја потпишаа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, постојаниот претставник на ОН, Диадре Бојд, и Тони Алонзи од Организацијата за храна и земјоделство на ОН.
Со неа се дефинирани приоритетните проекти поддржани од ФАО во следниот тригодишен период, а, покрај националните, предвидени се и регионални проекти, наменети за западен Балкан и за земјите во регионот.
Како приоритетни области за поддршка се руралниот развој, конкурентноста на земјоделството, шумарството, фитосанитарната политика и земјоделската инспекција, а предложените проекти ќе имаат директно влијание врз зголемувањето на конкурентноста на секторот, постигнување квалитет и безбедност на храната, одржливо управување со ресурсите, како и јакнење на капацитетите на институциите.
На состанокот министерот Димовски ги презентирал состојбите во секторот и долгорочните владини политики, а, меѓу другото, информирал за неодамнешните поплави што ја зафатија државата и предизвикаа штети врз земјоделското производство. Притоа е договорено во најскоро време Министерството за земјоделство да достави барање до техничката единица на ФАО што е одговорна за одобрување итна помош на земјите што се погодени од ваков вид непогоди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството: Ако не ги искористевме парите ќе ни беа одземени од ЕУ
-
Праските скапуваат, министерот се весели: Николовски глув за проблемите на земјоделците, прв за виолина на уво (ФОТО)
-
Министерство за земјоделство: Субвенциите се исплаќаат редовно и целосно
-
УХМР: Временските услови погодни за земјоделски активности