Недела ќе биде потопла од сабота. Во првата пловина од денот локално низ котлините, особено долж Повардарие е можна слаба магла. Денот ќе донесе повеќе сончеи периоди.Според Метеопро, навечер следува доста брза промена на времето Ќе задува умерен, локално и засилен северен ветер. Во северната половина од земјата ќе започнат врнежи, кои во дел од котлините ќе бидат од дожд кој подоцна ќе премине во снег, а на повисоките места врнежите ќе бидат од снег.
Минималната температура ќе има вредност околу -2°С низ котлините. „Потопло“ со минимална до 2°С се очекува во Гевгелиско – Дојранскиот крај.
Повторно значително потопло ќе биде во јужната половина од земјата. Максималната температура ќе има вредност околу 9°С низ поголем дел од котлините низ земјава. На југоисток максималната ќе достигне до 15°С. На повисоките места максималната температура ќе има вредност околу 7°С.
Во скопската котлина се слаба магла наутро, во текот на денот ќе има сончеви периоди. Навечер ќе настапи наоблачување кое ќе донесе дожд, кој потоа ќе премине во врнежи од снег.
Минималната температура ќе има вредност околу -2°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност околу 10°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.