| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија високо поразена од европскиот и олимписки шампион Франција

Во подготвителниот период за Светското ракометно првенство во Катар кое започнува во четврток, Македонската репрезентација е на подготвителен турнир во Франција каде покрај домаќинот учествуваше и селекцијата на Алжир.
По вчерашната висока победа од 32-20, денеска македонските репрезентативци доживеаја висок пораз од „Галските петли“ од 30-20.
Европскиот и олимписки шампион Франција покажа дека е репрезентација која во Катар ќе се бори за самиот светски врв.
Избраниците на Ивица Обрван натпреварот го загубија уште во првите 15 минути кога дозволија французите да направат разлика од девет гола 13-9 за до крајот на првото полувреме заминат со негатива од 10 голови (8-18).
Во вториот дел селекторот на „Триколорите“ Клод Онеста ги ротираше сите играчи кои правеа брзоплети грешки, а тоа го искористија нашите репрезентативци кои предводени од Кире Лазаров кој на овој натпревар беше стрелец на осум гола успеа колку толку да им парира на французите и да го заврши вториот дел нерешено.
Покрај Лазаров во вториот дел се истакна и голмано Ангелов кој успеа да фати осум удари за едно полувреме.
По овој натпревар македонските ракометари веќе утре патуваат за Доха каде од петок ги започнуваат натпреварите на Светското првенство.
Првиот натпревар се игра со почеток од 15 часот, а противник е репрезентацијата на Тунис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top