| четврток, 6 декември 2018 |

Промовирани нови 10 наслови, досега се преведени 907 книги

unnamed (2)

Денеска беа промовирани 10 нови преведени наслови од вкупно 907 преведени книги од владиниот проект за превод на илјада стручни и научни книги кои се користат на 10-те прворангирани универзитети во светот. „Маркетинг во патувањето и туризмот“, „Кетеринг менаџмент“, „Меѓународно јавно право“ и „Прирачник за педијатрија“ се дел од новите 10 преведени наслови, кои денеска ги промовираа премиерот Никола Груевски и заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

Новите 10 изданија се од областа на медицината и стоматологијата, транспортот и телекомуникациите, туризмот и бизнис-логистиката, правото, ликовната уметност, природно-математичките науки, како и од областа на машинството и електротехниката.

Премиерот Груевски истакна дека инвестирањето во образованието, младите и иднината на Македонија останува приоритет на Владата.

unnamed (1)

– Продолжуваме со сите реформи кои ќе донесат подобро општество – истакна Груевски.

Преку овие преводи, ќе им се овозможи првенствено на студентите во Македонија континуирано да бидат во тек со најновите информации, анализи, достигнувања, методи, техники и практики од областите во кои студираат и ќе им се помогне во надградбата на сопственото знаење, како и во подигнувањето на личната конкурентност при настап на пазарот на труд во земјата, но и во глобални размери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top