
В понеделник, 12 јануари, во 17.45 на МТВ 1 премиерно ќе се емитува првиот од четирите дела на документарниот филм посветен на Мајка Тереза со наслов „Тереза и јас“ во режија на Теона С. Митевска. Документарниот филм е направен во копродукција со Македонската национална телевизија и е составен од четири дела кои ќе бидат прикажани ден по ден од понеделник до четврток во истиот термин.

– „Сестри и брат Митевски“ беше една од навистина ретките продуцентски куќи, кои за потребите на ова снимање добија посебна дозвола од сестра Према, наследничката управителка на редот на Мајка Тереза и ни беа отворени вратите на нивниот ред, живеалиштата, приемните центри и домовите. Од редот воспоставен од Мајка Тереза, Сестри на Милoсрдието, ексклузивно за овој документарен филм, добиени се интервјуа со најстарите членови на редот, сестри што биле првите што застанале зад идејата на Мајка Тереза и се посветиле на борбата против бедата и мизеријата. Ексклузивни се и снимките од голем број домови и прифатилишта каде што досега никогаш не било дозволено да се снима, како првиот основан дом Калигат, Домот на смртта, како што го нарекла Мајка Тереза – велат од продуцентската куќа.

Документарниот филм зборува за животот на Мајката Тереза, со извонредни и, пред сè, крајно искрени интервјуа, кои ја откриваат ова неверојатна жена што доаѓа од Македонија и го објаснуваат нејзиното дело и оставнина. Филмот зборува за нејзината посветеност, за нејзините дилеми, за нејзината упорнот, за нејзината енергичност, за нејзината неверојатна храброст. Материјалот содржи и критички гласови и објективен пристап кон грандиозното животно дело на оваа жена со неверојатна енергија и посветеност и ни овозможува да ги согледаме значењето и влијанието, кое таа сè уште го има.

Документарниот филм е сниман во Индија, во Калкута и во Дарџелинг, во Ватикан и во Македонија. Директор на фотографија е Белгијката Вирџини Сен Мартен, (Индија и Македонија) Антоан Белан (Ватикан) и Дејан Димевски (Македонија). Оргинална музика е на Владимир Каевски, а е користена и музика од „Мизар“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ирма Башеска Ристовска, режисерка: Не беше само процес на снимање, туку и процес на запознавање на уште една страна на мојот татко
-
Вечерва „Крафтверк“-Поп арт на Зимскиот фестивал Скопје синема сити
-
Документарниот филм за Дејвид Боуви доаѓа набрзо!
-
„Трст, Југославија“: Снимен докуметарец за златното доба на шопинг-меката во 60-те и 70-те години


