Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот во Доха бидејќи загуби од Хрватот Иво Карловиќ со 2-1 (6-7, 7-6, 6-4).
Ѓоковиќ немаше ниту една брејк-шанса на целиот меч, додека Карловиќ единствениот брејк го направи на средината од последниот решавачки сет.
– Во ваквите натпревари една топка може да го реши победникот, така и беше. Играв премногу дефанзивно. Место да користам различни удари, јас само го враќав топчето – изјави Ѓоковиќ.
– Неверојатно е што успеав да победам, не го очекував ова. Имаше многу ветар и поради тоа Новак не можеше да се покаже во правото светло, но сум среќен поради победата. Бев фокусиран на својата игра, можеби имав и повеќе среќа и тоа е тоа. Нема да ја славам победата бидејќи ме чека нов меч – изјави Карловиќ.
Карловиќ за финале ќе се бори со Шпанецот Давид Ферер, кој лесно го совлада Дастин Браун.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.