Источниот дел на САД и средниот Запад се погодени од арктички студен бран, кој доведе до затворање на училишта, доцнење на возови и откажување на авионски летови, соопшти американската Национална метеоролошка служба.
Снег паѓа во државата Њујорк, каде што се очекува снежната покривка да достигне висина од еден метар, додека во другите делови на земјата е претежно суво, но владеат арктички студови. На најсеверната точка на сојузната држава Мејн е регистрирана температура од минус 39 Целзиусови степени. Рекордно ниска температура од минус 29 Целзиусови степени е забележана во градот Монпеље во сојузната држава Вермонт и минус 18 степени во Џексон, во Кентаки. Во многу области дува и силен ветер. Регистрирани се 279 доцнења во авионскиот сообраќај, додека 675 летови се откажани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.