| четврток, 6 декември 2018 |

Затворени грчките училишта

Snowfall-in-GreeceГолем број училишта во Грција денеска се затворени поради снегот кој падна во цела земја, дури и на некои острови во Егејско Море.
Дел од училиштата во северниот и источниот дел на Атина, како и во северниот и централниот дел на Грција, како и на Крит и на Киклади училиштата не работат по новогодишните празници поради снегот и студот.
Голем број патишта се непроодни  или сообраќајот отежнато се одвива поради снегот и мразот. Снег утрово почна да паѓа во Атина.
На Киклади, на островот Тинос и Андрос плажите се покриени со снег. Некои села се отсечени поради снегот, а има и прекин на електричната енергија. На планините на Крит снежната покривка изнесува еден метар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top