
Обидот да се извлече од морското дно дел од опашката на авионот на „Ер Азија“, кој се урна во Јаванско Море на 28 декември, заврши без успех, соопштија претставници на воената морнарица на Индонезија.
– Подводните струења на ова место се многу силни и нуркачите не успеаја да стигнат до дното – изјави шефот на операцијата, главниот командант на вооружените сили на Индонезија, генерал Мулдоко.
Опашката на авионот, каде што веројатно се наоѓаат „црните кутии“, не била оштетена и се наоѓа во статична положба на длабочина од 35 метри. Операцијата за нејзино извлекување ќе биде обновена утре.
Претходно нуркачите извадија од опашката на авионот шишиња со вода и маски за кислород, но сѐ уште не можат да откријат дали се наоѓаат таму и црните кутии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Прекина потрагата по жртви од авионската несреќа на „Ер Азија“
-
Неуспешна потрага по црните кутии на авионот на „Ер Азија“
-
Штипјанец го доби автомобилот од 6. коло од наградната игра „Фискална во рака, награда без мака“
-
Шестото извлекување за „Фискална во рака – награда без мака“ ќе се одржи на 27 мај


