Шестото извлекување од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“ ќе се одржи на 27 мај со директен пренос на МРТ во 20 часот, место на 26 мај, кога во салата Борис Трајковски, ќе се одржи големиот хуманитарен концерт под име „Да се обединиме во хуманоста“, за помош на погодените од поплавите, со пренос на МРТ од 19 часот.
Во ова шесто извлекување од наградната игра ќе се извлекува за 150 вредносни ваучери и главна награда автомобил „фолксваген поло“. Неизвлечените пликови од ова извлекување, како и пликовите од второто, третото, четвртото и од петтото извлекување, кои се чуваат од страна на приредувачот Државна лотарија на Македонија, ќе учествуваат во седмото извлекување, кога покрај редовните награди ќе се извлекува за стан и деловен простор, а кое ќе се одржи на 30 јуни.
Досега од наградната игра ФИСКАЛНА ВО РАКА – НАГРАДА БЕЗ МАКА, чијшто приредувач е Државна лотарија на Македонија под покровителство на Министерство за финансии, се доделија еден стан – на добитникот Трајко Кузмановски од Куманово, еден деловен простор на добитникот од Струга – Димитар Миладинов, пет автомобили на: Панде Мановски од с. Буково Битола, од прво извлекување; Перица Јанковска од Прилеп, од второ извлекување; Филиповска Весна од Штип, од трето извлекување; Розита Шијакоска од Прилеп од четврто извлекување и Милица Поповска од Неготино, од петото извлекување. Покрај главните награди за претходните пет извлекувања доделени се и 750 вредносни ваучери од 60.000 до 1.000 денари на добитници ширум Македонија.
Во сите извлекувања до крајот на наградната игра, може да се учествува со пликови со по дваесет фискални сметки од најран датум 15 ноември 2013 година. Пликовите покрај испраќање по пошта може да се оставаат и на пунктови во наменски кутии од кои се три постојани во Скопје – пред продажното место „Толакс“ и „МПМ прес“ кон плоштад „Македонија“ и една во влезот на зградата на МРТ. Низ поголемите градови низ РМ пред секое извлекување се одвива караван со поставување пункт пред продажно место на Државна лотарија на Македонија, во поединечни денови. Независно дали пликот се испраќа по пошта или се остава во наменска кутија, на пликот мора да е напишана целосната адреса на примачот: Државна лотарија на Македонија, Бул. Гоце Делчев, бр 8, поштенски фах 363, За наградната игра Фискална во рака – награда без мака.
Карванот пред петтото извлекување досега ги посети: Тетово, Неготино, Битола, Прилеп, Куманово, Велес, Штип, Кочани, Струмица, Гевгелија и Кавадарци, денес е во Кичево во продажното место „Детелинка“, во четврток во Гостивар пред „Јотон“, петок во Охрид пред „Прагма“, а сабота во Струга пред продажносто место „Кики твинс“.
Граѓаните на овој начин можат лесно да дојдат до вредни награди, но истовремено помагаат во изградба на патишта, училишта, болници и други капитални проекти во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.