Во вторникот на 27 мај, со директен пренос на МТВ 1 се одржа шестото извлекување од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака. Во ова коло од наградната игра се извлекуваа 150 вредносни ваучери, а главната награда, автомобил „Фолксваген поло“ замина за Штип .
Неизвлечените коверти од ова извлекување како и ковертите од второ, трето, четврто и петто извлекување, кои се чуваат од страна на приредувачот Државна лотарија на Македонија, ќе учествуваат во седмото извлекување кога покрај редовните награди ќе се извлекува за стан и деловен простор, а кое ќе се одржи на 30 јуни.
Во сите извлекувања до крајот на наградната игра, може да се учествува со коверти со по дваесет фискални сметки од најран датум 15ти ноември 2013. Ковертите покрај испраќање по пошта може да се оставаат и на пунктови во наменски кутии од кои се три постојани во Скопје – пред продажното место Толлакс и МПМ Пресс кон плоштад Македонија и една во влезот на зградата на МРТ. Низ поголемите градови низ РМ пред секое извлекување се одвива караван со поставување пункт пред продажно место на Државна лотарија на Македонија, во поединечни денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.