| четврток, 6 декември 2018 |

Во незгоден момент македонските ракометари заминаа за Франција

Во незгоден момент македонските ракометари заминаа за Франција на турнирот во Нант, каде што ќе играат во конкуренција на домаќинот, на Алжир и на Аргентина.

Преку Париз до Нант, македонската експедиција утре ќе го почне последниот тест пред настапот во Катар на Светското првенство што ќе почне на 15 јануари.

Rakomet Makedonija Grcija 05 (Custom)

Во Франција е прогласена тридневна жалост по атентатот во Париз на редакцијата на сатиричниот весник „Шарли ебдо“ и убиството на 12 луѓе, меѓу кои најголесе новинари карикатуристи.

Македонската репрезентација токму преку Париз треба да допатува во Нант, каде што утре од 20,45 часот ќе играме со Алжир. Победникот ќе се пласира во финалето каде што ќе игра со подобриот од дуелот меѓу актуелениот светски првак Франција и Аргентина. Тој меч ќе се игра на 11 јануари од 18, 30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top