Кордоба прослави значајна победа во шпанското првенство, прва на домашен терен по пауза од 42 години, а „жртва“ беше Гранада. Избраниците на Мирослав Ѓукиќ конечно успеаја да го скршат проклеството што влезе во петтата деценија и да слават на свој терен. Со головите на Алжирецот Набил Ѓилас и на романскиот интернационалец Флорин Андоне постигнати во првото полувреме Кордоба забележа значаен триумф за бегство од долниот дел на табелата во Примера Дивизија.
Со 14 бода од 17 натпревари Кордоба е на 18. позиција, а Гранада е едно место зад вчерашниот ривал со 13 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)
-
„Нон пејпер“ од Шпанија: Стоп за влегувањето на Косово во ЕУ, тие не се дел од проширувањето