| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ ги менува тренерите како на филмска лента, си замина и Митев

МЗТ Скопје остана без тренер, откако Боби Митев синоќа си поднел оставка, што раководството на клубот ја прифатило. Причина за заминувањето на Митев е неуспешниот обид да го тргне од летаргија погонот на македонскиот првак, кој е претпоследен на табелата во Јадранската лига.

mzt

Вчера и Будуќност триумфално си замина од населбата Аеродром, а МЗТ Скопје го претрпе и 11. пораз во АБА лигата. Митев си поднесе оставка, а привремено ќе го замени Алек Јончевски. Во релативно кус период аеродромци сменија дури 7 тренери, а во низата покрај Митев се и Пипан, Вукоичиќ, Мартиќ, Сагадин и нашата кошаркарска легенда Врбица Стефанов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top