Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, наместа со остатоци од снег по коловозите. Поради ниските температури на повисоките места можна е појава на голомразица, соопштува во утринскиот извештај Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Струга – Дебар.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење на отежнатите услови за сообраќај и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.