Експертите сметаат дека балзамирањето на телото на венецуелскиот претседател Уго Чавез можеби нема да се изврши затоа што процесот е почнат предоцна.
– Руски и германски стручњаци дојдоа да го балзамираат и ни рекоа дека тоа ќе биде многу тешко затоа што постапката требало да биде почната порано. Можеби нема да успее. Постапката е тешка и сложена и моја должност е за тоа да ве известам – изјави привремениот претседател на Венецуела, Николас Мадуро.
Владини извори на агенцијата „Ројтерс“ информирале дека неделава јавноста ќе биде известена за неуспехот на балзамирањето и покрај сите напори на стручњаците.
Чавез почина на 5 март, а неговото тело беше изложено во сандак со стаклен овор една недела во Воената академија во главниот град Каракас.
Намерата на Владата беше да го зачува телото на претседателот исто како на Ленин и Мао Ѕедунг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.