Владата во Венецуела неодамна соопшти дека тој закрепнува од тешката операција и дека тоа оди бавно.
– Претседателот е на функција и носи одлуки. Тоа е бавен, бавен процес на закрепнување. Но, тој ја води својата битка со силна верба кој Бога и животот. Тој е уверен дека ќе победи во таа битка, изјавил вчера министерот за надворешни работи Елијас Хауа.
Министерот кој минатата недела бил во посета на претседателот на Куба рекол дека Чавез носи и политички и економски одлуки. Најблиските соработници на претседателот објавија дека тој ги преживеал сериозни компликации вклучувајќи и тешка респираторна инфекција по операцијата на тумор на карличниот предел што беше извршена на 11 декември.
За сега никој не кажува кога Чавез може да се врати на функцијата. Неговиот потпретседател рече дека „претседателот би требало да може да се врати дома кога неговата состојба ќе го дозволи тоа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.