| четврток, 6 декември 2018 |

Чавез преживува благодарение на алтернативни медицински третмани

Претседателот на Венецуела Уго Чавез се одржува во живот со помош на нови алтернативни медицински третмани.

Неговиот заменик, Николас Мадуро соопшти дека станува збор за исклучително сложени и тешки медицински третмани, но не прецизираше за каков вид лекување станува збор.

Тој за време на посетата на претседателот на Куба разговарал со неговите лекари кои го информирале дека оваа процедура би требало да биде финална во лекувањето на Чавез. Венецуелскиот шеф на државата се нема појавено во јавноста два месеци откако отпатува на четврта операција на тумор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top