| четврток, 6 декември 2018 |

Полски ресторан забрани влез за поддржувачите на Путин

ресторан

Во срцето на крајбрежниот полски град Гдињ неодамна е отворен ресторан на чија врата пишува: Забранет влез за поддржувачите на Путин, а дозволен за гости со кучиња.

Името на угостителскиот објект е „Мала Украина”, а сопственик е Украинец.

Иако кај мнозинството Полјаци, постои голема антипатија кон рускиот претседател Владимир Путин, која постојано ја истакнуваат јавно, сепак ваквиот натпис предизвика негативни реакции во јавноста.

– Не сум поборник на мешање на политиката со туризмот – изјави Лукаш Магриан, заменик директор на Поморскиот регионален туристички сојуз.

Ова не е првпат во полските ресторани да се појави ваква форма на протест кон Русите и таквите чекори секогаш наидуваат на осуда од локалните и туристичките власти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top