| четврток, 6 декември 2018 |

Инвестира ли ЕВН каде што е потребно или повторно треба „чешлање“ од Регулаторна?

Debar 12Вевчанци и Преспанци најавија тужби за ЕВН Македонија откако и по неколку дена сибирски температури останаа без струја. Без електрична енергија останаа и во дебарскиот регион. Од компанијата соопштија дека нивните екипи санирале поголем број на дефекти, кои се должат на снегот и на силнот ветер. Сепак, останува чувството дека секоја година се случуваат исти дефекти. Останува чувството дека недостасува инвестирање на компанијата во делот на обезбедување стабилна достава на струја токму до оние критични места кои секоја година се соочуваат со вакви и слични проблеми. Дури и шегата доби нова верзија „Снегот ги изненади- во ЕВН“. Секоја зима во јавноста се враќа темата- колку ли нè чини „бомбона бизнисот“ со продажбата на ЕСМ.

Пред пет години, во првите денови на јануари, над ЕВН „висеше“ суспензија или одземање на лиценцата за дистрибуција откако од неа Регулаторната комисија за енергетика побара детални податоци за секој дефект или каков било прекин на испораката на струја претходната година. Барањето беше доставено откако цели населби во неколку градови имаа проблеми со електричната енергија. Тогаш премиерот Никола Груевски оцени дека ЕВН била најлоша инвестиција, од која наместо аир, граѓаните трпат штета.

– Тие се еден од најпроблематичните странски инвеститори што ги имаме и тешко споредливо со било кој друг инвеститор што го имаме. Од најголемиот дел странски инвеститори државата има корист, а од ЕВН трпиме штети. Граѓаните трпат штета затоа што честите исклучувања на струја кои може да се наречат како еден вид рестрикции, тешко може да се стават во групата на дефекти. Зошто ги има толку многу и често, или се намерни или ЕВН не инвестира  многу средства за тоа да не се случува – оцени премиерот на почетокот на 2009.

За потсетување, најгласна за продажба на ЕСМ во 2005 и 2006 година беше Радмила Шекеринска. Додека народот предводен од „Глас за светлина“ протестираше и стравуваше од поскапување на струјата, таа преку медиумите посочуваше „ова ќе биде бомбона бизнис“. ВМРО ДПМНЕ застана зад народот кој според тогашните истражувања на јавноста околу 75 процени се противеше на продажбата. Дури и купопродажниот договор беше тајна. Владата одби на јавноста да и ја открие содржината на договорот, а да го даде на увид само на Антикорупциската комисија, но комисијата одби да и биде параван на владата. Тогашниот министер за економија во владата на Владо Бучковски, Фатмир Бесими, со негирање на ставовите за мон манипулации:

-Апсолутно нема никаков простор за манипулација. Сите постапки, сите законски процедури се почитуваат. Единствено прашање останува дали нашите граѓани веруваат во нашиот систем и во нашите институции- посочуваше Бесими.

Околу година и половина по продажбата, кога власта ја презема ВМРО ДПМНЕ, на неколку пати расте тензијата меѓу владата и ЕВН. Премиерот Груевски посочи дека Владата гледа во ЕВН сериозен инвеститор и партнер, но бара од него да ги почитува државата и законите.

-Не ги тераме да го продаваат ЕСМ, напротив, им укажуваме дека ќе им бидеме одличен партнер во нивната работа. Меѓутоа, во ситуација ако ЕВН одлучи по сопствена волја и уверување, како што проструија гласови, за можност да ја напушти земјата, тогаш ние само изразивме интерес дека би биле заинтересирани да бидеме купувачи на ЕСМ- изјави Груевски. Како причини за тогашните препирки се наведуваше спротивставувањето од ЕВН на промовираниот концепт за либерализацијата на пазарот, посочувајќи на милионски загуби.

Тоа што во јавноста и по оваа зима ќе остане како прашање е дали ЕВН знае што прави на терен, дали инвестира онаму каде што е треба или пак  повторно е потребно „чешлање“ од Регулаторна?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top